четврток, 15 јануари 2026

Синот на протераниот ирански диктатор: Ќе го признаеме Израел (ВИДЕО)

Реза Пахлави, син на протераниот шах на Иран, ги изложи клучните политики кои би ги спровел доколку ја преземе власта во Техеран, што е главната желба на Соединетите Американски Држави и Израел по масовните протести во Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на безбедноста и надворешната политика, воената нуклеарна програма на Иран ќе заврши. Поддршката на терористичките групи ќе престане веднаш. Слободен Иран ќе соработува со регионалните и глобалните партнери во борбата против тероризмот. Во дипломатијата, односите со Соединетите Американски Држави ќе се нормализираат, а нашето пријателство со Америка и нејзиниот народ ќе се обнови“, кажа Пахлави, кој моментално е во егзил.

„Државата Израел ќе биде признаена веднаш“, порача тој, додавајќи дека ќе работи на зближување на Иран, Израел и арапскиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ