Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри во Паратебуен, град оддалечен околу 187 километри од Богота, каде што земјата се тресела неколку секунди.
Очевидци наведуваат дека земјотресот бил почувствуван исклучително силно и во Богота, дека се треселе згради и дека земјотресот траел долго.
Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,3 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.