среда, 23 јули 2025

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на архипелагот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил во 14 часот и 49 минути по локално време, епицентарот бил на длабочина од 80 километри.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Епицентарот бил лоциран на околу 189 километри југозападно од градот Туал, кој има население од околу 39.500 жители, и 430 километри источно-југоисточно од градот Амбон. Земјотресот бил почувствуван во пошироко подрачје на провинцијата Малуку.

Засега нема официјални информации за материјална штета или повредени, според достапните податоци земјотресот не предизвикал цунами.

Населението во околните места се препорачува да биде внимателно и да ги следи официјалните информации и упатства на надлежните служби.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, сеизмички активна област каде често се забележуваат силни земјотреси и вулкански ерупции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ