„Ова ги премина сите граници. Ова е Украина. Ова видот на „култура“ кој доаѓа од Киев. И ова е човекот кого Брисел го почитува и земјата што сакаат брзо да ја примат во Европската Унија“, порача Сијарто синоќа на социјалната мрежа Икс.
Тој нагласи дека никој не може да ѝ се заканува на Унгарија или на нејзиниот премиер.
„Никој не може да нè уценува само затоа што одбиваме да ја платиме цената на украинската војна и одбиваме да прифатиме повисоки цени на енергијата поради Украина“, нагласи Сијарто.
Во декември ЕУ одлучи да ѝ обезбеди на Украина неповратен „заем“ за купување оружје.
Покритието требаше да биде обезбедено со 200 милијарди евра замрзнати руски средства, но неколку земји се спротивставија на планот, па Брисел одлучи подоцна да најде друг извор на финансирање.
Сепак, Орбан стави вето на исплатата на „кредитот“ бидејќи Украина го затвори нафтоводот Дружба, кој ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта од Русија.
Сијарто додаде дека без разлика колку Зеленски се заканува и колку тесно соработува со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, кого унгарскиот министер за надворешни работи го нарекува политички сојузник на опозициската партија Тиса во Брисел, Будимпешта нема да им дозволи да ја вовлечат Унгарија во војна.






