„Украина ја уценува Унгарија со запирање на транзитот на нафта во координација со Брисел и унгарската опозиција, за да создаде прекини во снабдувањето во Унгарија и да ги покачи цените на нафтата пред изборите“, напиша Сијарто денес на социјалната мрежа Икс.
Тој рече дека, со тоа што на Унгарија ѝ го блокира транзитот преку нафтоводот Дружба, Украина го крши Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина и ги крши своите обврски кон Европската Унија, додавајќи дека Унгарија нема да попушти на уцените.
Унгарија и Словачка ги обвинуваат Украинците дека го затвориле нафтоводот Дружба за Украина да го задржи монополот над испораките на нафта и гас во Европа. Поради прекинот на испораките преку тој нафтовод, Словачка пред два дена прогласи вонредна состојба во својата нафтена индустрија.






