„Не го прифаќаме ставот дека заштитата на Европа ќе значи заштита на Украина. Зајакнувањето на одбранбената способност на ЕУ значи зајакнување на одбранбената способност на Унијата, а не инвестирање во земја која не е членка на НАТО или ЕУ… Стратегијата за зајакнување на европската одбрана не треба да значи тајно зголемување на испораките на оружје за Украина и финансиска поддршка првенствено затоа што тоа ќе ја продолжи војната“, изјави Сијарто за унгарските новинари на крајот од дводневниот состанок на НАТО.
Тој ги отфрли тврдењата дека Украина наводно ја брани Европа, наведувајќи дека никој не нападнал ниту една земја од ЕУ или НАТО.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека САД и Европа заедно потрошиле 310 милијарди евра за Украина, што е страшна сума. Доколку тие пари беа вложени во европската економија, Европејците сега ќе живееја многу подобро, вака тие пари отидоа залудно, убеден е Орбан.
Според него, Западот не ја разбира новата реалност во конфликтот во Украина, греши и за тоа ќе плати висока цена.
Сијарто уште во февруари предупреди дека ЕУ сака да одвои уште 20-40 милијарди евра и оружје за Украина, на што Будимпешта се противи.