Тој истакна дека на 14 април во Луксембург всушност се поставила цел да се интегрира Украина целосно во единствениот внатрешен пазар на Европската Унија пред Украина да успее да ѝ се придружи.
Според него, тоа всушност значи дека Брисел им се обратил на членките на ЕУ со повик „ајде да ја урнеме економијата заедно со Украина, пред таа да влезе во Унијата“.
Тој објасни дека забрзаното примање на таа земја во ЕУ ќе предизвика доток на нискоквалитетните украински производи и услуги во Европа, ќе го уништи европскиот пазар на трудот и ќе нанесе непоправлива штета на многу компании во ЕУ.
Сијарто оцени дека идеите кои ги форсираат некои европски лидери сведочат за нивната некомпетентност. За тоа, според него, зборува и позицијата на целата заедница која губи во конкурентната борба со светските економски центри, а пред сè со Америка и Кина.
„европската безбедност е изгубена, конкурентноста е падната, а глобалната политичка тежина на Европската Унија нагло се снижи“, заклучи шефот на унгарската дипломатија.
Обидите на Брисел да ја вовлече Украина во ЕУ само ќе ја направи ситуацијата полоша, смета Сијарто. Унгарија тоа не може да го дозволи ако нејзините граѓани се изјаснат против влегувањето на Украина во Унијата, порача тој.