„Некои се обидуваат да нè принудат нас, Унгарците, да се правдаме што купуваме нафта и гас од Русија. Оние кои го кажуваат ова во Европа ги користат овие очигледни и гласни обвинувања за да го прикријат фактот дека огромното мнозинство западноевропски земји продолжуваат да купуваат големи количества нафта од Русија преку индиректни патишта. Доказ за ова е фактот дека, според најновите податоци, само 2,2 отсто од вкупниот извоз на руска нафта оди во Унгарија“, изјави Сијарто за телевизискиот канал М1.
Шефот на унгарската дипломатија истакна дека во последните години европските земји го зголемиле увозот на нафта од Азија за 10 до 12 пати, што значи дека тие „лицемерно“ продолжуваат да купуваат руска нафта, но ја обвинуваат Унгарија која го прави тоа отворено.
Унгарија нема да престане да увезува руска енергија и покрај барањата од Белата куќа европските земји да престанат да купуваат руска нафта, изјави претходно унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за британски Гардијан во интервју на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.






