„Првата реакција на Европската комисија не беше „мора да престанеме да трошиме пари и да бараме јасен извештај од Украинците за тоа како се потрошени парите“. Не. (Претседателката на Европската комисија Урсула) Фон дер Лаен испрати писмо до сите европски лидери и влади барајќи повеќе пари“, кажа унгарскиот министер за надворешни работи.
Како што вели, стотици милијарди евра биле потрошени за нешто за што не биле наменети.
Сијарто додаде дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен ѝ направила поголема штета на Европа за време на нејзиниот мандат од кој било друг.
„Под нејзино водство Европа стана многу помалку безбедно место отколку што беше. Многу помалку конкурентно место отколку што беше. Корупцијата што постои во Брисел е објаснувањето зошто Брисел не го покрена прашањето за корупцијата во Киев“, кажа унгарскиот министер за надворешни работи.
Тој потсети дека поранешниот европски комесар за правда Дидие Рејндерс моментално е обвинет за перење пари, додека поранешната висока претставничка на Европската унија Федерика Могерини и поранешниот генерален секретар на Европската дипломатска служба Стефано Санино се обвинети за корупција.
Сијарто со чудење ја раскажа ситуацијата на Советот за надворешни работи, која се случи неколку дена по откривањето на корупцискиот скандал во Украина.
„Претставникот на Советот, воен фанатик, кој го спомна корупцискиот скандал, го спомна на таков начин што нагласи дека тој скандал во Украина е уште една причина зошто Украина треба што е можно поскоро да се приклучи на ЕУ “, кажа Сијарто, додавајќи дека во тој момент мислел дека сонува и дека тоа е кошмар.






