Сијарто на социјалната мрежа Икс напиша дека Европската комисија, подготвувајќи се за војна, изготвила седумгодишен буџет кој повеќе се однесува на Украина отколку на самата ЕУ.
„Наместо да се справат со вистинските предизвици со кои се соочува Европа, како конкурентноста, обезбедувањето енергетска безбедност и економскиот раст, тие се фокусираат на украинската војска и држава“, кажа тој.
Сијарто тврди дека Европската комисија сака парите на Европејците, вклучително и унгарските пари, да бидат испратени во Украина, што Будимпешта остро го отфрла.
„Парите на унгарските даночни обврзници не можат да се испраќаат во Украина, не можат да се трошат за војна и не можат да се користат за финансирање на украинската армија. Ние сакаме мир во Европа, но лидерите во Брисел бараат војна. Додека нема патриотска промена, тие ќе се залагаат за војна, миграција и родови политики“, истакна тој.
Сијарто кажа дека Унгарија ги отфрла војната, миграцијата, родовата политика и нема да дозволи давање пари на Украина.






