петок, 6 март 2026

Си-ен-ен во Иран: „Нема знаци на паника, не ни се потребни ни заштитни панцири“ (ВИДЕО)

Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен влезе во Иран и почна да известува од земјата во време кога конфликтот со Соединетите Американски Држави и Израел дополнително се шири.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дописникот Фредерик Плејтген бил на пат кон иранската престолнина Техеран, додека Израел и Соединетите Американски Држави ја продолжуваат својата воздушна кампања против Иран.

Според неговиот извештај, зголемената безбедност е забележлива на патиштата кон главниот град. Плејтген наведува дека за време на патувањето наишол на повеќе контролни пунктови од вообичаеното, како и на поголем број вооружени припадници на безбедносните сили.

И покрај зголемените безбедносни мерки, дописникот истакнува дека нема знаци на паника кај населението во секојдневниот живот и дека се чувствуваат „толку безбедно, што не ни се потребни заштитни панцири“. Продавниците се отворени и добро снабдени, а горивото е достапно без долги редици на бензинските пумпи. Во исто време, тој извести дека, според жителите, ноќниот напад врз Техеран бил најлош досега. „Останавме будни цела ноќ“, сведочат тие.

Си-ен-ен истакнува дека може да известува од Иран само со одобрение од иранските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ