недела, 6 април 2025

Си-ен-ен: Унгарија најави повлекување од МКС за време на посетата на Нетанјаху

Унгарија ќе се повлече од Меѓународниот кривичен суд (МКС), објави нејзината влада, откако премиерот на земјата Виктор Орбан го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Будимпешта, јавува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Посетата на Нетанјаху на Унгарија е прво патување на израелски лидер на европско тло откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење во мај 2024 година, пишува Си-ен-ен.

Судот наведе дека има „разумна основа“ да верува дека Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства, вклучително и „изгладнување како метод на војување“ и „злосторства против човештвото како што се убиства, прогон и други нехумани дејствија“, се вели во текстот.

МКС нема свои извршни овластувања, наведува овој медиум, па затоа се потпира на своите земји-членки за апсење и префрлање на осомничените во Хаг. Како потписник, Унгарија е должна да го уапси Нетанјаху, пишува Си-ен-ен.

Ако се повлече од МКС, Унгарија ќе стане единствената земја од Европската Унија што не е дел од овој суд, се вели во извештајот.

Израел не е член на МКС, ниту пак САД, Кина, Русија, Саудиска Арабија и други земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ