Поставувањето мини засега не е масовно, при што во последните денови биле поставени неколку десетици, велат изворите. Но Иран сè уште таму држи повеќе од 80% до 90% од своите мали чамци и бродови за поставување мини, рекол еден од изворите, така што неговите сили реално би можеле да постават стотици мини во водниот пат.
Исламскиот револуционерен гардиски корпус (ИРГК) на Иран, кој сега фактички го контролира теснецот заедно со традиционалната иранска морнарица, ја има способноста да распореди „коридор на смртта“ од расфрлани пловила за поставување мини, чамци натоварени со експлозив и крајбрежни ракетни батерии, вели Си-ен-ен.
ИРГК претходно предупреди дека секој брод што ќе помине низ теснецот ќе биде нападнат, а каналот практично е затворен од почетокот на војната. Состојбата во теснецот на Си-ен-ен му ја опишале како „долина на смртта“ поради ризиците поврзани со пловидбата.
Американски официјални лица денеска изјавија дека морнарицата на САД не придружувала никакви бродови низ теснецот, иако претседателот Доналд Трамп во понеделникот рече дека неговата администрација ги разгледува можностите да го стори тоа.






