петок, 9 мај 2025

Си-ен-ен: Администрацијата на Трамп размислува да затвори речиси 30 амбасади и конзулати во странство

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, размислува да затвори речиси 30 амбасади и конзулати во странство, како дел од планираните значајни промени во дипломатското присуство на САД во светот, јавува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова го пишува, како што пренесуваат медиумите, во интерен документ на Стејт департментот, до кој имале пристап.

Во документот се препорачува и намалување на присуството на американските дипломатски претставништва во Сомалија и Ирак – земји што се клучни за американските антитерористички напори.

Предложените измени доаѓаат во време кога се очекува поширока реорганизација на американската дипломатска служба. Не е јасно дали државниот секретар Марко Рубио ги одобрил предложените затворања, пишува Си-ен-ен.

Во документот се препорачува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати. Многу од овие мисии се лоцирани во Европа и Африка, но се вклучени и локации во Азија и Карибите. Меѓу нив се амбасадите во Малта, Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и Јужен Судан. На списокот има и пет конзулати во Франција, два во Германија, два во Босна и Херцеговина, по еден во Обединетото Кралство, Јужноафриканската Република и Јужна Кореја.

Според предлогот, задачите на затворените амбасади треба да се пренасочат кон претставништвата во соседните земји.

Портпаролката на Стејт департментот Теми Брус одби да коментира за внатрешниот документ или за плановите за драстично намалување на одделот.

„Ви предлагам да се обратите до Белата куќа и претседателот на Соединетите Држави, бидејќи тие сè уште работат на својот буџетски план за да го достават до Конгресот“, рече таа. „Споменатите бројки и она што обично се гледа во извештаите доаѓаат од документи протечени од непознати извори и често се неточни или преуранети.“

Досега, администрацијата именуваше амбасадори на само две амбасади на списокот за затворање – Малта и Луксембург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ