Си изјавата ја дал на состанокот со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој престојува во официјална посета на Пекинг.
„Царините му штетат на мултилатералниот трговски систем и го дестабилизираат светскиот економски поредок“, кажа Си.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 145 отсто на повеќето производи кои доаѓаат од Кина, која возврати со наметнување сопствени царини од 125 отсто на американските производи.
Алиев е во Пекинг со цел да постави нов курс на билатералните односи, наведуваат кинеските државни медиуми.
Односите со Азербејџан, кој е на раскрсницата на Азија и Европа, се важни за Пекинг, особено како дел од иницијативата Појас и пат, чија цел е јакнење на кинеското влијание во светот.
Си Џинпинг денес оцени дека двете земји одржуваат блиски врски „и покрај меѓународната ситуација која постојано се меша“.






