недела, 14 декември 2025

Шверцери среде бел ден истовариле дрога на плажа полна со туристи во Шпанија (ВИДЕО)

Група шверцери на дрога се уапсени откако својот товар го истовариле пред очите на шокираните туристи и капачи на популарната плажа Коста дел сол во Шпанија.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Целиот настан се случил на плажата Плаја анча, а снимка од настанот се прошири на интернет. На неа се гледа како глисерот се приближува кон брегот, а потоа екипажот предава неколку големи пакети на група мажи на копното, кои брзо ги товарат во теренско возило паркирано на самиот песок.

Осомничените, од кои многумина ги криеле лицата со маички, носеле тешки торби преку плажата, поминувајќи покрај капачите и семејствата со деца. Откако товарот бил истоварен, друг маж скокнал од глисерот и им се придружил на остатокот од групата во теренското возило, кое потоа ја напушти плажата со голема брзина. Во исто време, глисерот се вратил на отворено море.

Според шпанскиот весник Диарио де Понтеведра, глисерот пристигнал од Мароко, а теренското возило што се користело наводно било украдено во Гибралтар.

Градоначалникот на Касарес, Хуан Луис Виљалон, потврди дека истрагата ја презело специјалниот оддел за борба против трговијата со дрога. „Вакви настани никогаш порано не се случиле во Касарес, а камоли сред бел ден. Ова е причина за тревога и повик за јавна изјава“, кажа тој. „Единицата ни кажа дека ја презеле истрагата, но оваа ситуација ни предизвикува голема загриженост“.

По инцидентот од минатата сабота Градскиот совет на Касарес побара повеќе членови на Цивилната гарда и зголемување на безбедносниот персонал и ресурсите за надзор.

Настанот предизвика и бројни осуди на социјалните мрежи, каде што корисниците тврдат дека ваквите сцени повеќе не се исклучок и дека шверцерите се чувствуваат доволно безбедно за да ги извршуваат своите операции среде ден. Иако полицијата сè уште не дала официјална изјава, градоначалникот потврди дека се уапсени неколку лица.

Шпанија е позната како една од главните точки на влез за дрога на европскиот пазар. Тамошните власти редовно ги евидентираат најголемите заплени на кокаин и канабис во Европската Унија, а повеќето пратки пристигнуваат по море од Централна и Јужна Америка и Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ