Илјадници минувачи се собраа денес за да го видат преместувањето, објави шведската новинска агенција ТТ. Телевизиските снимки ја покажуваат дрвената црква од 672 тони како минува низ градот на специјално изградена платформа.
So this is happening right now here in Kiruna, Sweden. We’re moving the massive wooden church. 0,5km/h to its new home in our new town. History being made on a Tuesday. pic.twitter.com/8zBAXmhv55
— Mia Stålnacke (@AngryTheInch) August 19, 2025
Градот Кируна, дом на најголемиот подземен рудник за железна руда во светот, почна да го преместува центарот на градот неколку километри источно пред неколку години поради растечкиот ризик од лизгање на земјиштето и уривање на зградите.
Црквата, изградена во 1912 година во стилот на национален романтизам, се движи на својата платформа со брзина од околу 500 метри на час, па се очекува преместувањето да трае два дена.
Се очекува и кралот Карло Шеснаесетти Густав да присуствува на настанот.






