петок, 6 март 2026

Шведски министер: Нема знаци за нов бегалски бран, но сме поподготвени отколку во 2015

Во моментов нема знаци за непосреден бегалски бран од Блискиот Исток кон Европа, но искуството нè учи дека работите можат да се променат многу брзо, изјави шведскиот министер за миграција Јохан Форсел за Јуроњуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел, тој рече дека Унијата не може да си дозволи уште една криза како онаа во 2015 година, со чии последици сè уште се соочуваат.

„Не смееме да дозволиме да се повтори она што го имавме пред десет години. Не можеме да си дозволиме уште една бегалска криза“, рече Форсел, осврнувајќи се на годината во која повеќе од еден милион луѓе пристигнаа во Европа бегајќи од конфликтите во Сирија, Авганистан и Ирак.

Сепак, министерот верува дека Европа го надмина „хаосот“ во својот миграциски систем од пред една деценија и сега е подобро подготвена да се соочи со евентуално зголемување на бројот на луѓе кои бараат засолниште. Тој рече дека големата реформа на миграциската политика, позната како Пакт за миграција на ЕУ, договорена во 2023 година, значи дека блокот е „подобро опремен“ да се соочи со идните предизвици. Пактот треба да почне да се спроведува во јуни.

Новиот пакт воспоставува систем на „задолжителна солидарност“, според кој земјите на надворешните граници на ЕУ кои се повеќе изложени на миграциски текови можат да ги преместат барателите на азил во други земји-членки или да добијат финансиска и оперативна поддршка од нив. Пактот исто така вклучува кризен механизам кој може да се активира во случај на ненадеен и масовен прилив на бегалци.

Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ) предупреди на ризикот од раселување откако САД и Израел го нападнаа Иран, што предизвика иранска одмазда и го ескалираше регионалниот конфликт. Според ИОМ, повеќе од 19 милиони луѓе веќе се внатрешно раселени во регионот поради конфликти, насилство и катастрофи, што го прави многу ранлив на понатамошна нестабилност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ