четврток, 26 февруари 2026

Шведска телевизија: Руски дрон летал кон француски носач на авиони

Шведските вооружени сили пресретнале наводен руски дрон кој се приближил до францускиот носач на авиони со нуклеарен погон Шарл де Гол, закотвен во пристаништето Малме. Инцидентот се случил денес, објави шведската телевизија СВТ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот носач на авиони, кој е во служба на тамошната воена морнарица, се наоѓа во шведскиот град веќе неколку дена како дел од воената вежба на НАТО наречена Орион-26.

Според извештајот на СВТ, руски дрон полетал од руски брод кој се наоѓал во близина на 26 февруари и се упатил кон носачот. Шведската војска го забележала дронот и почнала операција на блокирање, по што дронот исчезнал од областа. Засега останува нејасно дали се вратил на рускиот брод или се урнал во морето.

Ова не е изолиран случај. Овој месец беше јавено руски дрон бил пронајден во Молдавија, во близина на селото Софија, а руски дронови наводно биле најдени и во Турција во неколку наврати.

Порталот Политико претходно објави дека Европа, соочена со инциденти во кои беспилотни летала го нарушуваат воздушниот простор на членките на НАТО, размислува каков активен одговор би можела да обезбеди на руските хибридни дејствија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ