Оваа скандинавска земја планира постепено да ја укине помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија Бенџамин Доуса.
„Украина е најважниот надворешнополитички и развоен приоритет на Шведска и затоа владата планира да ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди круни (910 милиони евра) во 2026 година“, кажа Доуса. „Нема тајна машина за печатење пари за развојни цели и парите мора да дојдат од некаде“.
Владата соопшти дека мерките ќе ослободат повеќе од две милијарди круни во текот на следните две години кои би можеле да се пренасочат кон Украина, за да се користат во проекти како што е обновата на енергетската инфраструктура на земјата.
Шведска веќе ја намали помошта за повеќе од 10 земји откако сегашната влада ја презеде власта во 2022 година, вклучувајќи ги Буркина Фасо и Мали.
Шведска е голем донатор на хуманитарна помош, со буџет кој достигнува 56 милијарди круни годишно за овие цели во последните три години.
Владата соопшти дека ќе намали за 53 милијарди круни годишно од 2026 до 2028 година и дека дава приоритет на трошењето, вклучувајќи и одреден дел од парите за плаќање на трошоците за имиграција и враќање на мигрантите.






