понеделник, 14 јули 2025

Шведска го обвини Израел за воени злосторства во Газа

Одбивањето на Израел да дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа и нападите врз дистрибутивните центри предизвикуваат глад кај цивилите, што претставува воено злосторство, обвини денес шведската министерка за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Користењето на гладувањето на цивилите како метод на војување е воено злосторство. Хуманитарната помош што спасува животи никогаш не смее да се политизира или милитаризира“, изјави Марија Малмер Сенергард на прес-конференција.

„Сега постојат силни индикации дека Израел не ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право“, кажа таа. „Клучно е храната, водата и лековите брзо да стигнат до цивилното население, кое во голема мера го сочинуваат жени и деца кои живеат во целосно нехумани услови“, додаде шведската министерка.

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, претходно исто така оцени дека нападите врз цивилите во близина на центрите за помош во Појасот Газа се „воено злосторство“.

Во декември 2024 година, Шведска објави прекин на помошта за агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) откако Израел ја забрани, обвинувајќи ја дека служи како посредник за активностите на Хамас. Шведската помош се испраќа преку други агенции на ОН и е втор најголем донатор на хуманитарна помош за Газа во ЕУ, изјави шведскиот министер за меѓународна соработка Бенџамин Дуса.

Таа помош од почетокот на војната во октомври 2023 година изнесувала околу 91 милион евра, а во 2025 година ќе изнесува 73 милиони евра, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ