среда, 28 мај 2025

Шведска донира 2 милиони евра на Радио слободна Европа по потегот на Трамп

Шведска ќе му донира 2 милиони евра на медиумот Радио слободна Европа, објавено е денес откако американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна финансирањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Радиото е основано за време на Студената војна за ширење западна пропаганда меѓу жителите на комунистичките земји. Медиумот со седиште во Прага емитува програма во Источна Европа, вклучувајќи ги Украина и Русија.

„Оваа одлука е дел нашите постојани настојувања да ги поддржиме новинарите и независните медиуми“, соопшти шведската влада.

Трамп во март нареди прекин на финансирањето во рамки на напорите за намалување на непотребните трошоци на администрацијата.

Американски окружен судија привремено ја блокираше забраната, но сојузниот апелациски суд ја потврди во мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ