понеделник, 22 декември 2025

Шведска ѝ ја намалува помошта на Србија

Шведската влада објави дека ќе ја намали помошта за Србија, тврдејќи дека земјата не прави доволно во борба за сузбивање на корупцијата и почитувањето на владеењето на правото.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одредени форми на поддршка на српските јавни власти ќе бидат прекинати, а помошта ќе биде повеќе фокусирана на зајакнување на граѓанското општество“, објасни владата во соопштението.

Уривањето на бетонската стреа на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица, вклучувајќи две деца, предизвика едно од најголемите протестни движења во историјата на земјата.

За противниците на претседателот Александар Вучиќ несреќата стана симбол на корупцијата, која, според нив, е проблем на масовните проекти за јавни градења кои се во тек низ целата земја. „Ситуацијата во Србија се развива во погрешна насока. Ова се однесува на растечка корупција и непочитување на владеењето на правото“, истакна министерот за меѓународна соработка и надворешна трговија Бенџамин Дуса во соопштение.

„Земјите не можат да очекуваат шведска поддршка ако не ги спроведат реформите и напредокот кои ги очекуваме. Затоа сега ги воведуваме овие промени “, додаде тој.

Српското министерство за надворешни работи „со жалење го прими соопштението“ на Шведска за намалување на помошта. Во соопштението за медиумите се тврди дека е „ постигнат мерлив напредок во многу области“. Се додава дека „се очекува секоја проценка на реформските напори да се базира на реални индикатори, а не на политички наративи или медиумски толкувања“.

Шведска „внимателно ја следи ситуацијата во Србија и веќе некое време забележува недостиг од посветеност на реформите од страна на српската влада“, вклучително и во областа на заштитата на основните слободи како што се слободата на изразување и печатот, се наведува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ