Контроверзниот момент се случи пред почетокот на израелската екипа во трката во боб двосед на Зимските олимписки игри во Кортина. Рена потоа во преносот изјави дека Еделман е „првпат олимпиец, кој се опишува себеси како „ционист до срж““ и кажа дека објавил пораки на социјалните мрежи во кои го поддржува, како што наведе, „геноцидот во Газа“. Притоа, тој се повика на формулацијата која ја користи комисијата на Обединетите нации во своите извештаи за ситуацијата во тој регион.
Коментаторот потсети и на претходните изјави на Еделман во кои тој ја опиша воената интервенција на Израел како „најморално праведна војна во историјата“, како и неговите најави поврзани со поддршката на израелските војници за време на операциите во 2023 година. Видео клипот од преносот наскоро стана вирален на социјалните мрежи, а поддршката за Рена, како и критиките кон него, почнаа да се нижат.
Commentator Stefan Renna on Swiss public broadcaster RTS sparked controversy during Israeli captain AJ Edelman’s second bobsleigh run at the 2026 Winter Olympics in Milan-Cortina, bringing up Edelman’s past social media posts supporting Israel’s genocide in Gaza, including one… pic.twitter.com/TenlLtbRiw
— Drop Site (@DropSiteNews) February 17, 2026
Во преносот Рена го постави и прашањето за критериумите за настап на спортистите на Игрите. Тој се потсети како Меѓународниот олимписки комитет (МОК) претходно истакна дека спортистите кои јавно ги поддржуваат воените активности може да бидат спречени да настапат, додека бројни руски спортисти се суспендирани поради руската инвазија на Украина.
Во овој контекст, тој го спомена и случајот со украинскиот атлетичар во скелетон Владислав Хераскевич кој беше дисквалификуван откако носеше шлем со симболи посветени на украински спортисти убиени во конфликтот со Русија. Рена праша како е можно Еделман да може да настапува додека други спортисти се санкционирани за политички пораки.
Изјавите на Рена предизвикаа силно негодување кај израелската јавност и корисниците на социјалните мрежи, кои го обвинија за пристрасност и политизација на спортот. Исто така, имаше повици за негово отпуштање од јавната радиотелевизија Свис. Од друга страна, некои го поддржаа за тоа што „ја зборува вистината“.
Еделман претходно јавно ја изрази својата гордост што го претставува Израел. Во интервјуа тој нагласи дека, и покрај предизвиците и притисоците и фактот дека е роден во САД, настапува исклучиво за Израел, нагласувајќи дека тоа е негов личен избор и мотивација. Тој, исто така, постојано го критикуваше, како што наведува, растот на антисемитизмот и третманот на Евреите во контекст на сегашниот конфликт во Појасот Газа.
Во 2023 година дел од членовите на израелската репрезентација во боб и нејзиниот тим беа мобилизирани во израелските одбранбени сили за време на војната во Газа. Еделман заврши последен, на 26-то место, на вчерашната трка во боб со својот партнер Менахем Кем.






