петок, 23 јануари 2026

Швајцарија: Судот го пушти на слобода сопственикот на барот каде што на Нова година загинаа 40 луѓе

Во пожарот за време на новогодишната прослава беа повредени и 100 луѓе, а брачниот пар Морети вети дека ќе соработува со обвинителите во истрагата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот во Швајцарија денеска соопшти дека сопственикот на барот „Ла Констеласион“ во Кран Монтана, Жак Морети, во кој за време на новогодишната прослава избувна пожар и загинаа 40 луѓе, може да биде пуштен на слобода со кауција.

Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради обвинение за убиство од небрежност, а Жак на 9 јануари бил приведен поради ризик од бегство, пренесе агенцијата Ројтерс.

Во пожарот за време на новогодишната прослава беа повредени и 100 луѓе, а брачниот пар Морети вети дека ќе соработува со обвинителите во случајот.

Судот, како мерки за спречување бегство, одреди кауција во износ од 200.000 швајцарски франци (253.485,42 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица, се наведува во соопштението. Швајцарските обвинители претходно денеска информираа дека спровеле две сослушувања со сопствениците на барот, кои во моментов се единствените осомничени во случајот.

Секое сослушување траело повеќе од десет часа и опфатило прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот „Ле Констеласион“. Обвинителството соопшти дека биле наложени и претреси, биле собрани докази и бил запленет имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ