Минатата година федералната влада ги дефинираше правилата за доделување имунитет на лице под меѓународна потерница, во случај тоа лице да доаѓа на мировна конференција, а не од приватни причини, изјави Касис на прес-конференција со својот италијански колега Антонио Тајани во Берн.
Претходно денес францускиот претседател Емануел Макрон ја спомена Женева како можно место за идна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Макрон кажа дека Женева не е само хипотеза туку е колективна волја, бидејќи тие сакаат состанокот да се одржи во некоја неутрална земја.
„Јас сум за Женева или некоја друга земја. Последниот пат билатералните разговори беа во Истанбул“, кажа Макрон откако присуствуваше на состанокот меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделникот, заедно со неколку европски лидери.






