понеделник, 15 декември 2025

Шумски пожар во Шпанија: Повеќе од 2.000 луѓе во изолација, изгорени 2.300 хектари земја (ФОТО)

Шумскиот пожар што избувна во областа Паулс во шпанската провинција Тарагона зафати повеќе од 2.300 хектари земја и ги принуди властите да воведат мерка изолација за повеќе од 2.000 жители, соопшти денеска владата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Силните ноќни ветрови, со налети до 90 километри на час, дополнително ги комплицираа напорите за гаснење на пожарот и го проширија подрачјето зафатено од пожарот, вклучувајќи ги населбите Реџерс, Ремолинс, Битем, Хесус и други општини како Алдовер, Полс, Черте и Тивенис, пренесува Ел Паис.

Противпожарната служба активираше ниво на мобилизација 2 (М2), што значи итен повик до персоналот кој не е на должност.

Околу 300 пожарникари се распоредени на терен, поддржани од 100 припадници на Воената единица за итни случаи (УМЕ), како и неколку противпожарни авиони, вклучувајќи два авиона и еден воден бомбардер.

Министерката за внатрешни работи Нурија Парлон предупреди дека претстојат „критични часови“ и го повика населението да биде претпазливо.

Приоритет на пожарникарите е да спречат ширење на пожарот преку реката Ебро. Претседателот на Каталонија, Салвадор Ила, изјави дека силниот ветер на поголема надморска височина го отежнува стабилизирањето на пожарот.

Претседателот им се заблагодари на сите служби за итна помош за „неуморната работа“.

Градоначалникот на Паулс, Енрик Адел, упати апел до граѓаните да избегнуваат движење надвор од своите домови поради опасност од брзи промени во правецот на пожарот и лоша комуникациска покриеност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ