четврток, 29 мај 2025

Што ако Индија и Пакистан употребат нуклеарно оружје?

Индија и Пакистан се нуклеарни сили во конфликт, а секоја од нив поседува околу 180 нуклеарни боеви глави. Што би се случило кога конфликтот би ескалирал до употреба на нуклеарно оружје?

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Научници од Универзитетот Рутгерс во САД пред неколку години спроведоа анализа на можните последици од нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан, предупредувајќи дека таквиот конфликт би можел да има катастрофални последици не само за двете земји, туку и за целиот свет.

Истражувачкиот тим детално опишува како би можела да започне таква војна, колку човечки жртви би предизвикала и какви би биле пошироките климатски последици.

Процените покажуваат дека, во зависност од јачината на оружјето – од 15 до 100 килотони – бројот на жртвите би можел да достигне помеѓу 50 и 125 милиони луѓе. Покрај огромниот број мртви, на милионите ранети ќе им биде потребна итна помош, додека многу градови во Индија и Пакистан ќе бидат уништени и ќе станат непогодни за живеење.

Уништената инфраструктура, од електричната мрежа до транспортните системи и банкарскиот сектор, дополнително би го парализирала општеството.

Овој ефект, познат како „нуклеарна зима“, би резултирал со пад на температурите низ целиот свет, намалени врнежи и сериозни нарушувања во глобалното земјоделство. Со други зборови, дури и земјите што не би биле директно погодени од нуклеарните напади би можеле да доживеат глад, економски шокови и политичка нестабилност.

Научниците истакнуваат дека последиците од регионалниот нуклеарен конфликт би биле долгорочни и планетарни. Таквата војна нема да остане „нивен проблем“ – во свет каде што климата е поврзана, а глобалната трговија е кревка, нуклеарната војна меѓу Индија и Пакистан би можела да предизвика криза каква што човештвото никогаш не доживеало.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ