Повикувајќи се на тој документ, Шпигел објави дека во интерен меморандум, подготвен минатиот викенд за состанок на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, германската влада се спротивставила и на однапред утврдените овластувања кои Трамп би ги добил како дел од таа иницијатива, објавува Ројтерс.
Портпаролот на германската влада пред два дена изјави дека Берлин ќе разгледа каков придонес може да даде во „Одборот за мир“.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе отпатува од Швајцарија утре рано наутро и затоа нема да присуствува на церемонијата на потпишување на „Одборот за мир“ на Светскиот економски форум во Давос, објави претходно денес портпаролот на германската влада.
Тој кажа дека американската страна е информирана за тоа и повтори дека Германија е благодарна што е поканета да се приклучи на одборот, објави Ројтерс.
„Го разгледуваме овој предлог и сигурно ќе одговориме соодветно навреме“, кажа портпаролот.






