„Меѓу сојузничките земји, добро е да се помогне кога другиот е во право, но треба да им се каже и кога грешат или прават грешка, како што е случајот сега“, кажа тој попладнево на заедничката прес-конференција со португалскиот премиер Луис Монтенегро.
Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Шпанија во вторникот, нарекувајќи ја „ужасен“ сојузник и заканувајќи се дека ќе ја прекине целата трговија со Мадрид. Тој ги повтори своите критики кон Шпанија вчера во интервју за Њујорк пост, нарекувајќи ја „губитник“.






