Тој истакна дека иднината на Европа не треба да се базира на нејзината милитаризација, туку на единство и почитувањето на меѓународното право.
„Треба да дејствуваме дипломатски за во 2035 година да имаме Европа која не е вооружена до заби, туку обединета Европа која го гарантира меѓународното право. Каков свет сакаме да им оставиме на нашите деца? Свет во кој буџетите за одбрана изнесуваат пет отсто од БДП?“, праша шпанскиот премиер во интервју за шпанскиот весник Паис.
Санчез призна и дека во сегашните околности Шпанија е принудена да ги зголеми и сопствените трошоци за одбрана и безбедност, што, според него, е чекор кон зајакнување на европската автономија во областа на одбраната.
Сепак, тој нагласи дека Шпанија останува сигурен партнер на сојузниците во НАТО.
„Распоредувањето на шпански војници на источниот дел од Европа за заштита на Бугарија, Романија, Литванија и Естонија, кои беа изложени на „неоимперијализмот на Путин“, е најдобар доказ дека Шпанија е сигурен партнер, како во рамките на Алијансата, така и во однос на сопствените капацитети“, оцени Санчез.






