петок, 13 јуни 2025

Шпанскиот премиер: Да му се забрани на Израел да учествува на Евровизија

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес изјави дека Израел треба да биде исклучен од евровизискиот натпревар, велејќи дека е потребно да се покаже солидарност „со народот на Палестина, кој ја доживува апсурдноста на војната и бомбардирањето“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да имаме двојни стандарди кога станува збор за културата“, рече Санчез, додавајќи дека ако Русија била исклучена од натпреварот по почетокот на инвазијата на Украина, ниту Израел не треба да учествува.

Во саботата, австрискиот кандидат победи на Евровизија, додека израелскиот пејач Јувал Рафаел го освои второто место, благодарение на многу необичното гласање на „публиката“.

Шпанските радиодифузери и формално побараа организаторите на натпреварот да ја испитаат методологијата на гласање откако Рафаел го доби второто место и покрај тоа што доби слаба поддршка од судиите.

Шпанскиот радиодифузен систем објави дека ќе поднесе жалба до Европската радиодифузна унија да го преиспита системот за гласање на музичкиот натпревар, со посебен фокус на процедурите за гласање на публиката. Додека професионалните судии му доделија на Рафаел само 60 поени, гласовите на публиката го катапултираа израелскиот изведувач на второто место со импресивни 297 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ