петок, 12 декември 2025

Шпанска политичарка забулена се појави на седница (ВИДЕО)

Вирџинија Мартинез, регионална пратеничка во Мурсија од шпанската конзервативна партија Вокс, се појави во регионалното собрание вчера облечена во никаб за да го претстави предлогот на нејзината партија за забрана на таквата облека на јавни места.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

На видеата кои ги објави самата Мартинез, таа може да се види како влегува во зградата на регионалниот парламент со никаб. Пред да излезе на говорницата, претседателот на регионалниот парламент Визитасион Мартинез ја предупреди дека не може да им се обраќа на претставниците така облечена.

„Вака облечена не можеш да учествуваш на оваа пленарна седница. Те молам пресоблечи се“, ѝ порача претседателот на Собранието.

Откако го извади никабот, Вирџинија Мартинез кажа дека и е мило што таквата облека не е дозволена. „Драго ни е што ваквата облека не е дозволена бидејќи по 50 години демократија дојдовме да видиме како жените треба да живеат во платнени затвори, а тоа не е слобода за ниту една жена во ова општество“, тврди таа.

Таа додаде дека забраната треба да важи и надвор од парламентот. „Драго ни е што тоа не е дозволено во овој парламент, а ако не е дозволено овде, не треба да се дозволи на ниту еден јавен простор“, рече Мартинез. Предлогот на Вокс на крајот беше отфрлен од сите други пратенички групи.

Иако некои медиуми објавија дека станува збор за бурка, Мартинез всушност носела никаб, кој го покрива лицето, но ги остава очите видливи. Бурка го покрива целото тело и лице, вклучувајќи ги и очите, кои се покриени со мрежа.

Шпанија нема општа, национална забрана за носење бурка или никаб. Обидите на локалните власти да воведат такви ограничувања претходно беа отфрлени од судовите. Шпанскиот Врховен суд уште во 2013 година пресуди дека локалните забрани, како онаа во Леида, се неуставни бидејќи го кршат основното право на слобода на вероисповед.

Ситуацијата е различна од, на пример, Франција, каде националната забрана за покривање на лицето на јавно место беше потврдена со пресудата на Европскиот суд за човекови права во 2014 година.

Инаку, слична ситуација како оваа во регионалното собрание на Мурсија се случи минатиот месец во Австралија, кога сенаторката Полин Хансон беше суспендирана на една недела откако носеше бурка во парламентот за да ја промовира забраната за муслиманска облека во јавноста.

Тоа беше втор пат сенаторката од Квинсленд, членка на антиимиграциската партија „Една нација“ да дојде во парламентот со покриени лице и тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ