недела, 14 декември 2025

Шпанска министерка: Нетанјаху им држи предавања на другите а спроведува геноцид во Газа

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес го повика вршителот на должноста амбасадор на Израел во Мадрид на разговор во врска со „лажните и клеветничките“ изјави од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Шпанија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово, министерот за надворешни работи го повика вршителот на должноста амбасадор на израелската амбасада во Шпанија за категорично да ги отфрли лажните и клеветничките изјави од кабинетот на израелскиот премиер“, објави министерството за надворешни работи на Шпанија.

Бенјамин Нетанјаху го обвини својот шпански колега Педро Санчез дека претставува „геноцидна закана“ против Израел, што денес предизвика лут одговор од Мадрид. „Нетанјаху не е баш личност која има право да држи предавања на некого додека извршува такви злосторства во Газа“, изјави шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес за каналот Антена 3.

Пред четири дена, шпанскиот премиер објави мерки за „запирање на геноцидот во Газа“, сугерирајќи дека ова би бил начин за борба против израелската офанзива на палестинската територија, но со средства што не претставуваат воена сила. По мерките што ги објави Санчез за помош на Газа, шпанскиот амбасадор беше протеран од Израел.

Социјалистот Педро Санчез е еден од најгласните европски критичари на израелската војна во Газа од 7 октомври 2023 година, започната како одмазда за упадот на израелска територија од страна на палестинското исламистичко движење Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ