понеделник, 15 декември 2025

Шпанија: Седум повредени, еден прободен во трка со бикови

Еден човек беше прободен од бик, седум други лица се здобија со полесни повреди за време на трката со бикови на традиционалниот фестивал Сан Фермин во шпанскиот град Памплона, соопштија градските служби за итни случаи.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Повредениот маж, на возраст над 25 години, бил прободен под десната пазува и е во болница, но во стабилна состојба, изјави портпаролката на службата, пренесува Ел Паис.

Останатите седум лица се здобиле со модринки и контузии, претежно во пределот на рамото и главата.

За време на утринската трка, еден од биковите застана на средина од патеката и неколку пати се нафрли врз тркачите.

Фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на почетокот на јули, вклучува трчање со борбени бикови низ тесните улички на Памплона до градската арена за бикови, каде што подоцна се одржуваат борбите.

Учесниците, традиционално облечени во бело со црвени шалови, трчаат пред биковите на патека долга околу 850 метри.

Настанот стекна меѓународна слава благодарение на романот на Ернест Хемингвеј „Сонцето повторно се раѓа“ од 1926 година.

Откако започнало водењето евиденција, најмалку 16 лица ги загубиле животите за време на фестивалот, последниот пат во 2009 година.

Покрај трките и борбите, Сан Фермин вклучува целодневни забави, музика, танц и религиозни церемонии во чест на светецот-заштитник на градот – Свети Фермин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ