вторник, 3 март 2026

Шпанија одговори на заканите на Трамп за прекин на трговијата

Шпанската влада одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја „прекине целата трговија“ со Шпанија, која ја нарече „ужасен сојузник“ поради наводното несоработка околу воените бази.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштение за медиумите, извршната власт порача дека ако Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, објави РТВЕ.

Владата застана во одбрана на позицијата дека Шпанија е „клучна членка на НАТО“ која ги исполнува своите обврски и „значително придонесува“ за одбраната на европската територија. „Ние сме и извозна сила на ЕУ и сигурен трговски партнер за 195 земји во светот, вклучувајќи ги и САД, со кои одржуваме историски и меѓусебно корисни трговски односи“, порачаа тие.

И покрај сè, Мадрид посочи дека Шпанија има потребни ресурси за ублажување на можните шокови, помош на секторите кои би можеле да бидат погодени и диверзификација на синџирите на снабдување. Во секој случај, волјата на владата „е и секогаш ќе биде да се залага за слободна трговија и економска соработка меѓу земјите“, и сето тоа со „меѓусебно почитување“ и „почитување на меѓународното право“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ