„Овие платформи го нарушуваат менталното здравје, достоинството и правата на нашите деца“, напиша тој на својот профил на Икс. „Државата не може да го дозволи ова. Неказнивоста на овие гиганти мора да заврши“.
Hoy, el Consejo de Ministros invocará el artículo 8 del Estatuto Orgánico del Ministerio Fiscal para pedirle que investigue los delitos que X, Meta y TikTok podrían estar cometiendo por la creación y difusión de pornografía infantil mediante sus IA.
Estas plataformas están…
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) February 17, 2026
Претходно овој месец Санчез објави неколку мерки насочени кон ограничување на онлајн злоупотребата и заштита на децата, вклучително и забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 16 години и отворање судски постапки против директорите на социјалните медиуми.
Милијардерот и сопственик на Икс Елон Маск тогаш му одговори дека е „тиранин и предавник на шпанскиот народ“.
Шпанија одлучи да го истражи и ограничи користењето на мрежите откако Австралија во декември стана првата држава во светот која ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години.
Европската комисија, извршното тело на Европската Унија, отвори истрага за Мета, Тикток и вештачката интелигенција на Икс Грок.
Во вторникот Ирска отвори сопствена истрага за Грок за користење на лични податоци што би можеле да се користат за креирање сексуална содржина, вклучително и детска содржина.
Франција ја истражува Икс за генерирање сексуални „дипфејк“ содржини, форма на вештачка интелигенција за креирање убедливи, но лажни видеа, слики или аудио снимки.
Минатата недела Португалија почна со воведување ограничувања за користење на социјалните мрежи од страна на лица под 16 години.
Шпанската министерка за млади и деца Сира Рего денес преку социјалната мрежа Блускај истакна дека шпанската левичарска влада презема уште еден чекор во обезбедувањето на правата на децата на социјалните мрежи.
Таа потсети дека во јануари побарале од државното обвинителство да истражи дали Икс извршила кривични дела детска порнографија и истакна дека „денес на владина седница го активирале членот 8 од Статутот на државното обвинителство за истрага на големите платформи“.






