четврток, 25 декември 2025

Шолц и Макрон се спремни да соработуваат со новите сириски власти „под одредени услови“

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон се подготвени да соработуваат со сириските бунтовнички групи што го соборија претседателот Башар ал Асад, под одредени услови, соопшти германската влада по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на двете најголеми сили на Европската Унија го поздравија заминувањето на Асад, кој предизвика „страшни страдања за сирискиот народ и голема штета за својата земја“.

Сирискиот лидер побегна од Дамаск во Москва, ставајќи му крај на повеќе од 50-годишното владеење на неговото семејство.

„(Шолц и Макрон) се согласија дека се спремни да соработуваат со новите власти врз основа на основните човекови права и заштитата на етничките и верските малцинства“, се вели во соопштението на германската влада доцна во понеделникот.

Изјавата доаѓа во момент кога владите низ целиот свет се обидуваат да создадат нови врски со водечката сириска бунтовничка фракција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), група што порано ѝ беше сојузник на Ал каеда, а која САД, Европската Унија, Велика Британија, Турција и ОН ја прогласија за терористичка организација.

Шолц и Макрон се согласиле заедно да работат на зајакнување на ангажманот на ЕУ во Сирија, вклучително и поддршка на инклузивен политички процес во Сирија, и да разговараат за понатамошна соработка со партнерите на Блискиот Исток, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ