Ова е прв пат десничарската партија да го достигне ова ниво на поддршка од средината на мај.
Неделната анкета спроведена од Билд забележува зголемување на популарноста на АфД за еден процентен поен. Друга агенција за испитување на јавното мислење, Форса, исто така неодамна објави дека антиимиграциската АфД ужива 25 отсто поддршка, додека другите агенции и даваат нешто помала поддршка.
АфД останува во борба за првото место на анкетите, неколку месеци откако конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц победи на парламентарните избори во февруари.
Во анкетата на ИНСА другите партии ја задржаа поддршката забележана минатата недела. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината сестринска партија во Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), го задржаа првото место со поддршка од 27 отсто, додека нивниот коалициски партнер Социјалдемократската партија (СПД) имаше 15 отсто.
Зелените имаат поддршка од 11 отсто, а крајно левичарската партија има 10 отсто. Популистичката алијанса Сара Вагенкнехт (БСВ) има поддршка од четири отсто според истражувањето, а Либерално-демократската партија (ФДП) три отсто. Во истражувањето во периодот од 28 јули до 1 август учествувале 1.203 лица.






