недела, 14 декември 2025

Шојгу: НАТО се враќа во Авганистан, Русија е подготвена да им помогне на талибанците

Западот планира да ја врати воената инфраструктура на НАТО во регионот на Авганистан, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така е јасно дека западните сили, кои ги загубија своите позиции во авганистанскиот правец, разработуваат планови за враќање на воените инфраструктурни објекти на НАТО во регионот“, напиша Шојгу во текст за весникот Руска газета.

Според него, и покрај декларативните изјави дека немаат намера да ја признаат талибанската власт, Лондон, Берлин и Вашингтон покажуваат желба да се приближат до авганистанското раководство и дека не е случајно што нивните претставници во последно време сѐ почесто се во Кабул.

Шојгу истакна дека Русија е подготвена да му помогне на талибанското движење во стабилизирање на ситуацијата во Авганистан.

„Авганистан сè уште има многу тешка работа пред себе за да ја стабилизира ситуацијата во земјата. Русија е подготвена да им пружи помош на Талибанците во оваа област, вклучително и преку развој на соработката со Кабул во борбата против тероризмот и дрогата преку безбедносните агенции“, нагласи Шојгу.

Во авторскиот текст за „Руска газета“, тој посочи на борбата на талибанците против производството на дрога, истакнувајќи дека „уште во 2023 година, површината за одгледување на афион, која претходно изнесуваше околу 232.000 хектари, е намалена за 95 отсто, а денес 20 од 34 авганистански провинции се сметаат за слободни од плантажи со дрога“.

Сепак, додаде Шојгу, ситуацијата со трговијата со дрога во земјата и понатаму е тешка „поради зголемената употреба на синтетички опијати“.

Тој истакна дека терористичките активности во Авганистан се директно поврзани со производството на дрога, а според руските проценки, во Авганистан има околу дваесет меѓународни терористички организации, со повеќе од 23.000 борци, „што претставува сериозна закана за регионот и светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ