недела, 14 декември 2025

Шмит: Состојбата во БиХ не е задоволителна

Состојбата во Босна и Херцеговина е незадоволителна, изјави денес во Берлин високиот претставник на Западот за БиХ Кристијан Шмит.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шмит разговараше со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за ситуацијата во Босна и Херцеговина и предизвиците на нејзиниот европски пат.

„БиХ е европска земја и припаѓа во Европската Унија. Иако политичката ситуација во моментов е незадоволителна, ѝ се заблагодарувам на Германија за нејзината постојана поддршка на БиХ и на Канцеларијата за високиот претставник“, порача Шмит на социјалната мрежа Икс.

Оценката на Шмит е дека најважниот приоритет во моментов е спроведувањето на владеењето на правото во Босна и Херцеговина.

Ова е очигледна алузија на кризата што беше предизвикана од конечната пресуда и разрешувањето на Милорад Додик од функцијата претседател на Република Српска и упорното непочитување на пресудите на Уставниот суд на БиХ, кои властите во РС одбиваат да ги признаат и спроведат.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина објави предвремени избори за наследник на Додик за 23 ноември, но спроведувањето на тој план е попречено од бројни опструкции од страна на функционерите на владејачката партија СНСД на Додик на различни нивоа на власта.

Министерот за финансии на БиХ Срѓан Амиџиќ, кој беше назначен на таа позиција од Додик, одби, на пример, да ја потпише одлуката за обезбедување на средствата потребни за спроведување на изборите, па таа задача сега, врз основа на претходната интервенција на Шмит, му припадна на неговиот заменик, Мухамед Хасановиќ од партијата СДП БиХ.

Европскиот пат на БиХ е исто така блокиран, а министрите на СНСД упорно го спречуваат усвојувањето на програмата за реформи потребна за БиХ да добие пристап до фондот за развој на ЕУ вреден една милијарда евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ