понеделник, 15 декември 2025

Трамп игра голф, додека стотици протестираа низ Шкотска (ВИДЕО)

Стотици демонстранти се собраа во Единбург и Абердин за да изразат противење на посетата на претседателот на САД, Доналд Трамп, на Шкотска, пренесува Индипендент.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите вееја транспаренти со слогани против Трамп, изразувајќи противење на неговата петдневна посета, додека некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода за Газа“ и палестински знамиња.

Поддршката за воено разурнатата енклава дојде откако Трамп вчера изјави дека признавањето на палестинската држава од страна на Франција е ирелевантно.

Во меѓувреме, Трамп отиде на теренот за голф во Турнбери во југозападна Шкотска, каде што е под будното око на безбедносните сили.

Безбедносните проверки на терен ги извршија армијата, морнарицата и антитерористичката полиција, а полициските снајперисти се во состојба на готовност на скелиња поставени веднаш до голф теренот.

Трамп, според извештајот на Скај њуз, гласно ги пуштал песните „Девојка од горниот град“ од Били Џо, „Сеќавање“ Елејн Пејџ и „Мост преку немирна вода“ од Сајмон и Гарфанкел додека го возел својот голф-кеди по теренот.

Полицијата ги затвори патиштата и воведе ограничен пристап за локалното население и новинарите.

Голем број полицајци и воен персонал утринава биле забележани како ја пребаруваат областа пред неговата партија голф.

Иако се очекува Трамп поголемиот дел од својот прв ден во Шкотска да го помине на голф теренот, утре треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, а во понеделник со британскиот премиер Кир Стармер.

Шкотланѓаните изразија намера да се соберат низ целата земја во текот на викендот за да протестираат против неговата посета.

Шкотскиот премиер Џон Свини, кој исто така планираше да се сретне со американскиот претседател за време на неговата посета на Шкотска, ги повика луѓето да протестираат „мирно и во рамките на законот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ