понеделник, 15 декември 2025

Шест воени експерти загинаа, неколку се повредени во експлозија во магацин за оружје во Либан

Муниција во складиште за оружје во јужен Либан експлодираше во саботата, при што загинаа шест воени експерти, а неколку беа ранети, соопшти армијата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил на периферијата на селото Зибкин во покраината Тир. Се додава дека се прават напори за утврдување на причината за експлозијата. Се претпоставува дека магацинот го користела милитантната група Хезболах.

Експлозијата се случила јужно од реката Литани во област каде што Хезболах ги повлече своите борци според условите на прекинот на огнот со кој заврши 14-месечниот конфликт со Израел во ноември. Во текот на изминатите месеци, либанските трупи и мировниците на ОН ги преземаа позициите на Хезболах во областа.

Либанската влада во четврток гласаше за планот поддржан од САД за разоружување на Хезболах и спроведување на прекин на огнот со Израел. Либанската влада побара од националната армија да подготви план според кој до крајот на годината само државните институции во земјата ќе поседуваат оружје.

Претставници на Хезболах изјавија дека нема да има разоружување сè додека Израел не се повлече од пет ридови долж границата и не ги запре воздушните напади во кои загинаа повеќе од 250 луѓе од прекинот на огнот. Одлуката ги налути Хезболах и неговите поддржувачи, кои организираа протести.

Војската во петокот во соопштение предупреди дека нема да дозволи никакви обиди за загрозување на безбедноста на земјата. Таа ги предупреди демонстрантите дека нема да дозволи затворање на патишта или напади врз приватен и јавен имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ