Тајната служба не ги идентификуваше агентите ниту ги откри точните причини за нивното суспендирање, пренесува Ројтерс.
Вооружен маж отвори оган на митинг во Батлер, во американската држава Пенсилванија, на 13 јули 2024 година, додека Трамп, тогаш претседателски кандидат, говореше.
Напаѓачот стигнал до блискиот покрив од кој имал директен поглед на сегашниот претседател.
Трамп беше ранет, очевидецот пожарникар Кори Комператоре загина заштитувајќи го своето семејство, вооружениот напаѓач беше убиен.
Против Тајната служба се покренати повеќе истраги, а директорката на Тајната служба на САД, Кимберли Читл, поднесе оставка.
Трамп во интервју кое ќе биде емитувано во сабота рече дека Тајната служба направила грешки со тоа што не поставила агент на покривот и не ја вклучила локалната полиција во комуникацискиот систем.
„Значи, беа направени грешки. И тоа не требаше да се случи“, изјави тој во интервју за Фокс њуз.
По атентатот во Батлер, маж кој носел пиштол се скрил во близина на голф терен во Флорида, во сопственост на Доналд Трамп, со намера да го убие тогашниот републикански претседателски кандидат.






