понеделник, 16 март 2026

Шешељ: Пленковиќ би се поср*л да знае уште што сè имаме од оружје (ВИДЕО)

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред неколку дена изјави дека ќе го предупреди НАТО за новото оружје на Србија откако Белград потврди дека од Кина купил хиперсонични ракети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На ова реагираше и осудениот воен злосторник Воислав Шешељ, навредувајќи го Пленковиќ во изјава за српскиот таблоид Информер.

Шешељ кажа дека хрватскиот премиер е „усташ“ и дека, како што тврди, би се „поср*л на лице место“ кога би знаел какво друго оружје има Србија.

„Пленковиќ е отворен усташ. Фактот дека е усташ значи дека не може да биде паметен човек. Но, може да биде голем криминалец. И само да знаеше Пленковиќ што сè имаме, а сè уште не сме го покажале на јавноста, да ми простите, ќе се посер*ше на лице место“, кажа Шешељ.

Во продолжението на разговорот тој ја спомна и изјавата на хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ, наведувајќи дека кажа дека Србија стекнала многу оружје за кое сè уште не се знае.

„А немаат затоа што не ни трошат пари за други работи. Има многу повеќе корупција во врвот на власта отколку во Србија“, оцени Шешељ.

Реакциите од Србија доаѓаат откако Пленковиќ потврди дека го информирал НАТО за новото српско оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ