Домаќин на дводневната средба, на која првенствено ќе се разговара за распределбите за одбраната и иднината на европската безбедност, е шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.
На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата Дпа потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците во НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.
Во моментов, членките на НАТО се подготвени да одвојат најмалку два отсто од БДП за одбраната, но некои сепак издвојуваат помалку од тие два отсто. Европските членки на НАТО, исто така, се соочуваат со пресвртот кај новата американска администрација во однос на поддршката за Украина и со последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.
Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Се очекува министрите на НАТО да започнат консултации за време на вечерата и да продолжат со разговорите утре наутро.