„Мислам дека сега е јасно зошто Брисел не го повика Киев на одговорност. Тоа е затоа што истото се случува во Брисел како и во Киев. Големата корупција цвета и тука“, кажа Сијарто во обраќањето пред унгарските новинари во Брисел.
Унгарскиот министер за надворешни работи кажа дека му е „чудно што на последниот состанок на министрите за надворешни работи никој не го спомна огромниот корупциски скандал што моментално беснее во Украина“.
„Никој не побарал Украинците да поднесат извештај за стотиците милијарди евра кои им ги додели Европската Унија, откако беше откриено дека корупцијата цвета во Украина, организирана на највисоко државно ниво, и дека парите на европските даночни обврзници завршиле во рацете на воената мафија“, додаде Сијарто.
Според него, со апсењето на поранешната шефица на европската дипломатија и поранешниот генерален секретар на дипломатската служба на ЕУ, излезе на виделина уште една стара афера, а Брисел покажа дека е „заплеткан во мрежа на корупција“, ништо помалку од Киев.
Европското јавно обвинителство претходно ги потврди претресите во седиштето на дипломатската служба на ЕУ и апсењето на три лица како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ во врска со програмата за обука на млади дипломати.
Меѓу уапсените е Федерика Могерини, поранешна висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, како и ректорот на Колеџот на Европа и Дипломатската академија на ЕУ, како и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот Залив, Стефано Санино, поранешен генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во времето кога е основан Колеџот.






