вторник, 24 март 2026

Шефот на украинската дипломатија: Безбедноста на Европа и целиот свет зависи од ситуацијата во Црно Море

И покрај војната на Блискиот Исток, вниманието на сојузниците останува насочено кон Украина и Црно Море, бидејќи судбината на безбедноста на Европа и целиот свет се одлучува таму, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на отворањето на третата Конференција за безбедност на Црно Море во Кишињев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави украинското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи, Сибиха во својот говор се фокусираше на слободата на пловењето.

„Сега е потребно да се зголеми притисокот врз Русија, која во февруари изврши повеќе напади врз пристанишната инфраструктура на Одеса отколку во целата претходна година“, додаде Сибиха.

Украина бара од своите партнери да работат и на расчистување на мините од Црно Море и да обезбедат присуство на сојузнички воени бродови во регионот.

Сибиха кажа дека не може да има стабилна трговија на ова море ако неговиот центар е милитаризиран полуостров под контрола на агресивна држава.

„Она што почна на Крим мора да заврши на Крим. Крим е Украина“, додаде министерот.

Русија го анектираше украинскиот црноморски полуостров Крим по референдумот одржан во 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ