недела, 14 декември 2025

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави денес началникот на рускиот Генералштаб генералот Валериј Герасимов.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најинтензивните борби се водат кон Красноармејск, изјави Герасимов на состанокот со воените команданти во борбената зона.

Според него, руската западна армија развива офанзива во близина на Купјанск, а напредувањето успешно се одвива во насока на Краснолиман, каде што, како што тврди, „градот Кировск ќе падне под руска контрола“.

Руските војници влегле во селото Јампол, каде што продолжуваат со борбените операции и, според него, непријателот е целосно протеран од шумските области на Серебрјански.

„Напаѓачките единици на јужната група напредуваат во селото Северни. На правецот Александро-Калиновски се водат борби во близина на Константиновка, нашите единици влегоа во Плешчеевка. Уништувањето на непријателот блокиран јужно од резервоарот Клебан-Бик продолжува“, кажа Герасимов.

Тој додаде дека групата „Исток“ ја развива својата офанзива во Дњепропетровската и Запорошката област.

На крајот, тој им додели награди на војниците кои се истакнале за време на борбените операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ