Володин, говорејќи за потребата од законска регулација на вештачката интелигенција, сакал да ја илустрира нејзината опасност. Иако нагласил дека АИ треба да се поддржува, предупредил на „предизвиците и проблемите“ што ги носи.
„Во една земја од ЕУ ‘именувале’ АИ министерка, а сега таа се соочува со обвиненија за проневера“, рекол Володин, користејќи го измислениот случај како доказ за ризиците.
Cringe of the day: Volodin cited a fake news story to justify regulating AI
During his speech, Volodin referenced a tale about a “corrupt AI minister” in Albania — a story that turned out to be satire from the Croatian outlet Newsbar.
According to the satirical piece, a virtual… pic.twitter.com/vdGA7AMNyS
— NEXTA (@nexta_tv) December 9, 2025
Но „веста“ за корумпираната АИ министерка е целосно измислена. Објавена е пред неколку дена на хрватскиот сатиричен портал Њузбар. Според нивната приказна, АИ министерката Диела за време на обуката анализирала 30 години податоци за јавни набавки и заклучила дека примањето мито на Балканот е „нормална бирократска работа“, а не кривично дело.
Потоа прифатила 14 биткоини (околу 1,3 милиони евра) од изведувач за одобрување проект за изградба на автопат. Во истиот сатиричен тон, во написот се додава дека Диела на суд ќе ја брани ЧетГПТ, а нејзините должности привремено ќе ги преземе „стар модел на калкулатор касио“.
Володин ја објавил снимката од говорот и на својот канал на Телеграм.
Албанија, која не е членка на ЕУ, во септември ја претстави „првата АИ министерка во светот“. Наречена Диела, таа е АИ модел интегриран во владиниот портал за јавни набавки. Нејзина задача е да ги ревидира договорите со приватни компании и да блокира сомнителни зделки како дел од антикорупциските мерки на патот на Албанија кон ЕУ.
Пред приказната да стигне до Володин, сатиричниот текст на Њузбар го пренеле неколку големи руски информативни канали на Телеграм, од кои секој има стотици илјади следбеници. Се претпоставува дека токму таму Володин, или некој од неговиот тим, ја прочитал „веста“ и ја сфатил како вистинита.
Некои канали подоцна ги избришале објавите, додека други додале објаснување дека станува збор за сатира.
Ова не е првпат хрватска сатирична содржина да заврши во руските медиуми како вистинска вест. Во октомври 2025 година, приказна за змија што каснала Хрват и потоа угинала поради труење со алкохол собра милиони прегледи. И таа „вест“ првично беше објавена на Њузбар уште во 2020 година.






